Во Шалке повеќе се гневни на неспорсткиот потег на Аларио, отколку што останаа без победа (видео)

Шалке не издржа десетина минути за да ја оствари првата победа во Бундеслигата по рестартот на сезоната, па ремито од 1-1 против Баер Леверкузен мора да биде доволно за двете екипи.

Автоголот на Хуан Миранда во 81-та минута го фрли во вода целиот труд на домаќините и водството кое го донесе Калиџури преку пенал на стартот од вториот дел.

Мечот дополнително беше зачинет со драма по неспортскиот потег на Лукас Аларио по околу еден час игра. Баер во ситуација да го врати поседот на Шалке, по топката истрча Аларио и си создаде простор да се закани кон голот. Акцијата заврши со одбрана на Нубел по што домашните играчи му се пуштија како лути оси на Аргентинецот, кој потоа беше санкциониран за неспортско однесување.

- Оглас -

Најнови вести