Во Шпанија табелата се врати во нормала (Видео)

Осум кола беа потребни за трите најдобри и најскапи екипи во Шпанија да ги заземат првите три места на табелата и да почнат жестока битка за титулата во Ла Лига.

Барселона ја декласираше Севилја со 4-0 во меч на кој Луис Суарес даде гол со ножички, а првпат сезонава во листата на стрелците се запиша и Лионел Меси, кој даде гол од слободен удар. Севилја 17 години не победила на „Камп ноу“. Антоан Гриезман преседе на клупата, но тој би требало да биде стартер во следното коло бидејќи Усман Дембеле вечерва доби црвен картон.

На Меси не му одеше од игра да даде гол, но успеа од прекин, потсетувајќи дека е мајстор за изведување слободни удари во близина на противничкиот 16-тник. Меси по петти пат во кариерата дава гол против Севилја од слободен удар. Повеќе голови од таков прекин има само против Еспањол.

https://www.youtube.com/watch?v=vC5Namur61Q

- Оглас -

Најнови вести