„Ножичките“ на Суарес најавија серија голови на „Камп ноу“ (Видео)

Барселона води со 3:0 на дербито против Севилја, и тоа благодарение на погодоците дадени само во некоку минути. Севилја речиси пола час успеваше да одолее на нападите на домаќините, но потоа се случи „магија“ на Луис Суарес. Уругваецот даде гол со „ножички“ и Барселона поведе со 1:0 во 27-мата минута.

Неколку минути подоцна, Артуро Видал погоди за 2:0, а веќе во 35-тата минута беше 3:0 со голот на Дембеле.

https://youtu.be/vDPPoUz_oOY

- Оглас -

Најнови вести