Атлетико Мадрид и Реал Мадрид во денешното коло кое почнува од 18 часот, ќе одлучат кој од овие два тима ќе биде шампион на Шпанија, а освен кај мадридскиот клуб кој ќе остане со празни раце, тага ќе има кај барем уште два клуба, кои денеска ќе ја загубат битката за опстанок.
Мечевите од 18 часот треба да одредат кои два тима ќе му се придружат на Еибар во втората лига. Има три кандидати: Уеска, Елче и Валјадолид, а од нив само еден ќе се спаси, другите два одат се Сегунда дивизија. Уеска зависи самата од себе и ако победи против Валенсија, опстанува.
Она што ја прави интересна битката, е што теоретски, може да се случи сите овие три тима да имаат ист број бодови. Треба Валјадолид да победи, а Елче и Уеска да ремизираат. Во таков случај, сите би имале по 34 бода, а во елитата останува Уеска како најдобра во меѓусебните дуели со тој круг.
На Елче му треба победа и реми на Уеска, а Валјадолид се надева на чудо: да слави против Атлетико, Уеска да загуби и Елче да не победи.