Осасуна и Елче во моментов го играат 59-тиот натпревар сезонава во шпанската фудбалска Ла Лига, а интересно е дека на сите 59 меча кои се одиграа досега, имаше барем еден гол, уште нема дуел кој завршил 0-0.
Низата речиси сигурно ќе се прошири и на 60 средби, бидејќи на 60-тиот меч, вечерва против Овиедо игра Барселона, тим кој постигна гол на сите мечеви во оваа календарска 2025 година.
Рекордот на шпанската лига на мечеви од стартот на сезоната без резултат 0-0 е 74, од далечната 1955/56.
На првиот вечерашен меч, по првото полувреме Осасуна води со 1-0 со прекрасен гол на Виктор Муњоз, негов прв во дресот на Осасуна. Погодокот вреди да се погледне:
🤯 Víctor Muñoz vient inscrire un GOLAZO pour ouvrir le score pour les Rojillos !
🎖️Premier but chez les professionnels.#OsasunaElcheCF pic.twitter.com/QPsJ3IZvcC
— 100% Liga (@FoudeLiga) September 25, 2025