Во Словенија и Алжир се очекува да победат тие што немаат ниеден триумф

Србија – САД (13 ч.)

Многумина очекуваа ова да биде финале на Мундобаскетот, но реалноста е дека Србија и САД нема да освојат никаков медал. Елиминацијата во четврт-финалето ги доведе на мегдан во борба за 5-8 место. Ваквите мечеви се најтешки за играње на кошаркарите, посебно ако се знае дека Србите ја загубија и шансата да се борат за директен пласман на Олимписките игри.

Кога е дуел што не им значи ништо на двата тима, единствено се игра за престиж и за комплетирање на поредокот, очекувано е да „нема одбрани“. Во една ваква ситуација, Американците се поблиску до триумфот, иако до крајот на првенството ќе бидат без еден од стандардните играчи.

Предлог тип: 2&>179,5 (3.25) – квота на денот во Sport Life

 

Полска – Чешка (15 ч.)

Ако е непријатно изненадување што САД и Србија не поминаа во полуфиналето, тогаш за Полска и Чешка може да се каже дека е успех што се во Топ 8 на Мундобаскетот. Двете селекции одиграа одлично во Кина, а уште поголем мотив е ако се знае дека победникот од овој меч на крајот ќе биде пред Србија или САД.

Во подготвителниот период овие две селекции одиграа два меча, а Чешка во двете средби се покажа како подобар тим. Сега Чесите треба да комплетираат „хет-трик“.

Предлог тип: 2-2 (2.30) – квота на денот во Sport Life

 

Домжале – Мура (20:10 ч.)

Домжале очајно ја стартуваше сезоната, па уште нема победа по седум меча во првенството. Тимот кој играше во квалификациите за Лигата на Европа вечерва треба да донесе прва радост против Мура, ривал кој знае да биде опасен. Гостите играат одлично и во седум дуели имаат само еден пораз, но сепак, премногу би било да успеат со трите бода да се вратат од денешното гостување.

Последните три меча на овие клуба завршиле нерешено.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.40) – квота на денот во Sport Life

 

Сетиф – Магра (20 ч.)

По три одиграни меча, Сетиф уште нема ниту една победа во првенството на Алжир. Магра е тим кој ги доби двата дуели на свој терен, но на гости загуби. Само пред еден месец, овие екипи одиграа контролен дуел и победи Магра со 2:0. Сепак, сега се работи за средба која носи бодови, па конечно се очекува победа на домаќините.

По првите три кола се покажува дека двете екипи немаат некој многу офанзивен напад, па може да се случи и само еден потег да биде решавачки.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.42)

 

Турција – Русија (14:30 ч.)

Русија е еден од главните фаворити за освојување на титулата на Европското првенство во одбојка. Турција воопшто не треба да биде проблем за Русија и се очекува победа по брза постапка во три сета. Турција има четири порази во последните пет меча, додека Русија во последните три контролни меча победи без да загуби сет.

Предлог тип: < 135,5 (1.85)

 

- Оглас -

Најнови вести