Во сообраќајка во Нигерија тешко повреден Тијани Бабангида, неговиот брат загинал

Трагедија во семејството на нигериската фудбалска легенда Тијани Бабангида.

Тој е тешко повреден и се наоѓа во болница, а неговиот 47-годишен брат Ибрахим загинал во сообраќајната несреќа која ја имале во родната земја. Во автомобилот патувале и сопругата и уште една жена, кои исто така се пренесени во болница, но со малку полесни повреди.

Тијани Бабангида блескаше во дресот на Ајакс и на нигериската репрезентација, со која освои олимпиското злато во Атланта 1996 година, а две години порано Суперорлите беа најпријатно изнедување на Мундијалот во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести