Паузата во најквалитетните лиги и репрезентативните натпревари најчесто не се омилени кај типувачите, но тоа не важи за двајца редовни играчи на Sport Life од Гостивар и Нов Дојран. Тие со симболична уплата дојдоа до бруто-добивка од по еден милион денари, односно нето од по 850.000 денари.
КОМБИНАЦИЈА ОД КОНЕЧЕН ТИП И ГОЛОВИ ВО ДВЕТЕ ПОЛУВРЕМИЊА ДОНЕСОА РАДОСТ ВО ГОСТИВАР
Три победи на гостинските екипи и пет на домашните, но и барем по еден гол во секое од полувремињата на осумте натпревари донесоа добивка од 850.051 денар за играч на Sport Life од Гостивар. Тој успеа да ги погоди победите на Франција, Италија, Велс, Норвешка, Словачка, Турција, Косово и Романија, но и дека ќе има голови во двете полувремиња.
ДЕВЕТ НАТПРЕВАРИ ОДИГРАНИ СО ИСТА ИГРА ДОНЕСОА МИЛИОН И ВО НОВ ДОЈРАН
Играта од еден до два гола во првото и во второто полувреме донесоа добивка од 850.022 денари во Нов Дојран. И на овој тикет се одиграни само натпревари на репрезентациите, кои беа ефикасни синоќа, но до онаа мера во ниту едно полувреме да не бидат постигнати повеќе од два гола. Тука освен осумте меча од Лигата на нациите на УЕФА, додаден е и натпреварот од азиските квалификации помеѓу Индија и Сирија.