Во Србија фудбалерите на тренинг, а првенството ќе има скратена форма, па шампионот веќе се знае

Кризниот штаб во Србија денеска одлучи дека дојде време да се олабават строгите безнедносни мерки кои беа донесени по пандемијата со корона-вирусот.

„Од денеска се дозволени тренинзи на отворено со целосно придржување на препораките кои ги даде Кризниот штаб. Дополнително ќе видиме што може да се направи за спортовите во затворена просторија, се очекува набрзо да биде донесена и таа одлука“, изјави докторот Бранислав Тодоровиќ.

Според пишувањето на „Блиц“, од понеделник сите фудбалски екипи ќе се вратат на тренинг, а првенството ќе започне на 23 мај. Сепак, нема да биде тоа класично доигрување на шампионатот, туку само одигрување на преостанатите четири кола од регуларниот дел, а потоа ќе биде познат и шампионот.

Црвена ѕвезда е убедлив лидер на табелата и има 11 бодови пред вечниот ривал Партизан, кој е втор. Црно-белите и Војводина речиси сигурно си обезбедија место во Европа, а за четвртото место ќе се борат Бачка Топола и Чукарички.

- Оглас -

Најнови вести