Исак Јенсен од Виборг направи подвиг во стилот на Деклан Рајс од дуелот со Реал Мадрид, постигна два убави гола од слободни удари на еден ист меч.
Не беше средба од Лигата на шампионите и не предизвика толку големи реакции, но погодоците му беа мајсторски и го предизвика вниманието на светските медиуми. Виборг губеше со 0-1 против Силкеборг и тренерот одлучи во 62-рата минута на теренот да го внесе Јенсен, што ќе се покаже како феноменален потег.
Јенсен во 74-тата и 89-тата минута даде голови од слободни удари за пресврт и победа.
. pic.twitter.com/N7tes8cqie
— Viborg FF ☘️ (@viborgff) April 14, 2025