Во Струмица ќе се лечат европските рани – Академија Пандев против Шкендија за старт на новото првенство на Македонија

Шкендија е фаворит за трета титула по ред во домашното првенство, а денеска во Струмица ќе го игра дербито на првото коло од новата сезона, против Академија Пандев.

Ќе се лечат европските рани во дербито на домашна почва по испаѓањето на двете екипи кои не претставуваа во еврокуповите и доживеаја брза елиминација.

Од 17.30 часот ќе се играат уште три натпревари, со што ќе почне 28-та сезона во македонската Прва Лига. Ренова и Силекс ќе ги одмерат силите во Тетово, во дуел на два стандардни прволигаши, а денеска деби очекуваат Струга Трим Лум против Работнички на домашен терен и Борец од Велес на гостување во Скопје кај Шкупи.

Локалното скопско дерби меѓу Вардар и Македонија Ѓ.П. ќе се игра утре во истиот термин на теренот на Фудбслаката Федерација на Македонија.

Двојки, денеска од 17.30 часот: Академија Пандев – Шкендија, Силекс – Ренова, Струга Трим Лум – Работнички, Шкупи – Борец.

Утре, 17.30 часот: Вардар – Македонија Ѓ.П.

 

 

- Оглас -

Најнови вести