Денешниот Супер тип стандардно има 16 натпревари од четири спорта со специјално зголемени квоти. Фудбалот доминира со седум меча, четири се кошаркарски, три се тениски, а два хокејски. Квотите се движат од 1.32 до 2.37 за конечен тип.
Понудата вообичаено започнува со тенис, и тоа со дуелот од турнирот во Есторил, Португалија, меѓу Ламас Руиз и Хуркач, во кој Полјакот е фаворит (1.32). Кај дамите се игра турнирот во Чарлстон, САД, и во Супер типот има понуда од два меча од овој турнир. Касаткина е фаворит во дуелот со Кристијан (1.45), како и Пегула против Азаренка (1.60).
Фудбалските возбудувања започнуваат со мечот од австрискиот шампионат меѓу Алтах и Сваровски Тирол, во кој домаќинот ја има фаворитската улога (1.95). Специјално зголемени квоти има и за победи на Раков, Елче, Сасуоло, Дери сити, Лил…
Кошарката е застапена со натпреварите од претпоследното коло од регуларниот дел од Евролигата, а зголемени квоти има за победи на Фенербахче над Анадолу Ефес, на Панатинаикос над Баерн, на Реал Мадрид над Басконија и на Милано над Виртус.