Во своето последно интервју Милојевиќ имаше само една желба: Уживам во животот, нека потрае ова што е можно подолго (Видео)

Трагедија се случи синоќа во светот на кошарката, откако ненадејно почина 47-годишниот Дејан Милојевиќ. Некогашниот кошаркар, беше помошник тренер во НБА тимот на Голден Стејт, а токму пред мечот на гостувањето кај Јута џез, за време на вечерата, на Милојевиќ му се слошило. Веднаш бил префрлен во болница, но за жал лекарите не успеале да го спасат.

Пред само 10-тина дена Милојевиќ го имал последното интервју дадено за еден подкаст. каде открива дека се чувствува среќен и дека едноставно ужива во животот. Запрашан што сака како тренер, Милојевиќ дава искрен одговор.

„Немам таква желба. Сакам секој ден и секоја година да ми бидат весели и убави. Уживам во животот и тоа ми е најважната работа која ја имам научено во овие можеби не зрели години, но секако поздрели години. Ги сакам 40-тите затоа што во нив научив да уживам во моментот. Како млад со 20 и нешто години, сѐ нешто сум брзал, сум барал нешто, сум бил нестрплив. Сега е поинаку. Добро ми е вака и би сакал вакка да биде што е можно подолго време“, вели Милојевиќ во тоа интервју. За жал, животот и судбината имале друг план за кошаркарскиот тренер.

 

@popmita2

#dejanmilojevic #kosarka #srbija #bcpartizan #grobari #partizan #beograd #yugoslavia #balkantiktok #popmita2 #nikolajokic #podgorica

♬ original sound – Александар Лазић

- Оглас -

Најнови вести