Некогашната НБА-ѕвезда Двајт Хауард дебитира во тајванското првенство и средбата ја заврши со неверојатни статистички податоци.
Хауард неодамна си замина од Лос Анџелес лејкерс, во минатата сезона имаше просек од 6,2 поени и 5,9 скока по меч, а на свој прв меч во Тајван играше како кошаркарски Супермен.
Хауард во победата на својот тим придонесе со 38 поени, 25 скока, 9 асистенции, 4 блокади, а погоди и две тројки. Во НБА Хауард ретко шутираше за три поени, а во Тајван има целосна слобода, па за тројка шутна дури десет пати.
По ова можеби пак ќе добие понуда од некој НБА-тим:
https://twitter.com/i/status/1594000277069520896