Во Тирана вечерва се отвора модерен стадион на кој има и 24-катна кула (Видео)

Во последното коло од квалификациите за ЕП 2020, Албанија вечерва ќе ја пречека Франција, во меч кој има посебно значење. Дуелот ќе се игра во Тирана и тоа на новиот модерен стадион, кој е со капацитет од 22.000 гледачи. Арената „Комбетере“ или националниот стадион е изграден за три години, а чинеше 50 милиони евра.

Посебно интересен е начинот на изградба на стадионот. Фудбалската федерација на Албанија вложи само 10 милиони евра и тоа донација од УЕФА, а останатите 40 милиони евра се од донации на повеќе компании. За возврат, компаниите кои дадоа пари за изградба на стадионот, ќе добијат простории во 24-катната кула која се наоѓа во склоп на стадионот. Во таа кула има хотел, конференциски сали, модерно опремени канцеларии…

 

- Оглас -

Најнови вести