Во трагедијата во Кочани загина и млад кошаркар на Баскет Дино Деликатес

Петар Ивановски, кошаркарот на Баскет Дино Деликатес од Кочани, е една од жртвите на огромната трагедија во Кочани, во која животот го загубија најмалку 59 лица. Тој бил во дискотеката каде што се случила несреќата и не успеал да се извлече, а покрај него, загинаа и фудбалерот Андреј Лазаров и голманот Дамјан Танески, кој играше во неколку клубови во источна Македонија.

„Аххх, Аххх НАШ ПЕТАР! Со голема тага ја примивме веста дека нашиот соиграч Петар Ивановски е една од жртвите во синоќешната трагедија. Тој беше човек со големо срце, голем борец и МВП на турнирот М-14. Кариерата ја започна уште на мала возраст и освои многу трофеи и победи со нашиот клуб. Тагата е огромна, искрено сочувство до семејството“, објавија од КК Баскет Дино Деликатес – Кочани.

- Оглас -

Најнови вести