Екипата на Осасуна е првиот финалист во Купот на Шпанија откако синоќа по голема борба и дури 120 минути игра успеа да одигра 1:1 на гости кај Атлетик Билбао. На првиот меч пред своите навивачи, Осасуна славеше со 1:0, па ремито во Билбао им беше рамно на победа и донесе голема радост кај нивните фанови.
Осасуна досега само еднаш играла во финалето на Купот и тоа било во 2005 година, кога загуби од Бетис со 2:1. Сега нивен противник ќе биде подобриот од дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид и сигурно Осасуна ќе биде аутсајдер во финалето.
Навивачите на Осасуна беа пресреќни по пласманот во финалето на нивниот тим, па решија да ги чекаат фудбалерите и да им направат убав пречек, и тоа во три часот наутро. Неколку илјади навивачи приредија одличен дочек покажувајќи дека овие фудбалери се нивни херои.
https://twitter.com/i/status/1643425641243594752
https://twitter.com/i/status/1643428492053184513