21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Во центарот на Белград убиен освојувач на бронза од Светско првенство во ММА

Голем шок ја потресе српската спортска јавност, со убод со нож е убиен 23-годишниот борец Стефан Савиќ, кој пред неколку месеци, во ноември, освои бронзен медал на аматерското Светско првенство во ММА (мешани боречки вештини).

Младиот Савиќ утрово околу 1.30 часот бил примен на Ургентен центар во Белград, но крварењето било големо и лекарите не можеле да го спасат.

Според неофицијалните информации на српските медиуми, Савиќ веројатно имал кавга со некои лица во еден ноќен клуб, по што го нападнале, а едниот го прободел во пределот на градниот кош, во близина на срцето.

Полицијата интензивно го бара оружјето со кое е прободен Стефан, се проверуваат безбедносни камери. Бил повреден уште еден 32-годишен маж, кој бил прободен од истото лице, но во бутот на ногата и пазувите, па минал со нешто полесни повреди за разлика од ММА борецот кој заврши трагично.

- Оглас -

Најнови вести