Во Турција фудбал играат само странските екипи, Шкендија загуби од украински гигант

Во Турција денеска нема домашен фудбал и спорт, сите натпревари се откажани поради земјотресот што ја погоди земјата во ноќните часови и предизвика многу проблеми, а има и многу жртви.

Сепак, фудбал се играше, но само меѓу странските екипи кои се на подготовки во Турција, најчесто во Анталија, а настапи и тетовска Шкендија.

Во меч против украинскиот гигант Динамо Киев, тетовци загубија со 0:1 со голот на Џастин Лонвајк во последната минута од првото полувреме.

Шкендија досега одигра четири подготвителни натпревари и сè уште нема победа.

 

 

- Оглас -

Најнови вести