Украинското фудбалско првенство се игра во посебни услови. Иако добар дел од земјата е во воена состојба, фудбалските мечеви се играат, барем колку што е можно тоа.
Екипите на Житомир и Кривбас требаше да играат во дербито од 13-тото коло, но мечот траеше едвај три минути. На стадионот имаше околу 6.000 гледачи коишто очекуваа да гледаат интересен дуел, но само по три минути откако беше даден знакот за почеток на дуелот, сите на теренот застанаа.
Наеднаш се слушнаа сирените кои даваат предупредување дека набрзо ќе започнат воздушните воени напади од страна на руските сили. Фудбалерите, официјалите лица и гледачите мирно го напуштија теренот е се упатија кон скривниците.
https://twitter.com/i/status/1721515292029809130