Во Валенсија не му веруваат на Столе Димитриевски, па ќе го купуваат резервниот голман на Атлетик Билбао?!

На грузискиот голман, Гиорги Мамардашвили, му заврши позајмицата во Валенсија и тој конечно се сели во Валенсија и кога сите помисливме дека Столе Димитриевски ќе биде прв избор меѓу стативите на „лилјаците“ – нов проблем.

Тренерот на Валенсија, Корнеран, не му верувам на нашиот репрезентативен голман, па сака да го купи резервниот чувар на мрежата на Атлетик Билбао, Хулен Агирезабала. Според најавите од „Марка, Столе Димитриевски летово може да си замине од Валенсија, бидејќи веќе побарал поголема минутажа и не бил задоволен од шансата која ја добил.

Македонецот оваа сезона бранеше на сите натпревари во Купот на Шпанија и на само четири меча во Ла Лига, кога Мамардашвили беше повреден. Столе Димитриевски минатото лето направи трансфер од Рајо Ваљекано, каде беше одличен на голот и еден од најдобрите фудбалери во екипата.

Постои можност Атлетик Билбао да не го ослободи својот резервен голман, но во тој случај раководството на Валенсија ќе инсистира на купување на друг голман, што би значело дека Столе Димитриевски воопшто не е во нивните планови.

- Оглас -

Најнови вести