И со одложен натпревар, Битолчанец си заработи речиси 2.000 евра, или поточно 119.877 денари откако погоди осум пара типувани на ист начин со влог од само 50 денари.
Тикетот е составен од девет парови, но мечот Цирих – Базел се одложи неколку часа пред почетокот поради активен случај на ковид-19, инаку добивката ќе беше значително поголема доколку таа средба се одиграше според прогнозата на обложувачот од Битола.
Со типот 1-2 гола во прво и 1-2 гола второ полувреме, обложувачот нареди натпревари кои повеќето не се дел од топ 5 лигите во Европа, каде што викендов беше исполнет со изненадувања.
Ги избегна поразите на Реал Мадрид и Барселона, како и киксовите на Челзи и Тотенхем, а единствениот дуел кој му е од најатрактивните лиги е Келн – Ајнтрахт Франкфурт. Токму на таа средба битолчанецот се тресел од нервоза пред Андре Силва да реализира пенал на истекот од првото полувреме за 1-0 во корист на гостите, а потоа Келн да ги постави конечните 1-1.
Сите останати средби се погодени беспрекорно, но нема сомнежи дека одложениот меч ја расипа оваа добитна комбинација.