Водечките екипи во Втората македонска фудбалска лига одиграа без грешка и забележаа нови победи, со што продолжува „мртвата“ за пласман во повисок ранг, но и за место во баражот за Првата лига.
Лидерот Охрид со убедливи 4-0 славеше над Вардар од Неготино на домашен терен, додека второпласираната Шкендија од Арачиново со 0-5 победи во Виница, против Слога.
Најтешко до победата, барем според резултатот, дојдоа фудбалерите на Скопје, кои со минимални 1-0 славеа над Кожуф. Штипска Брегалница со 0-3 го доби мечот против Преспа во Ресен, а победи забележаа и Беласица и Осогово.
На врвот од табелата нема никакви промени. Охрид останува лидер со 49 бода, еден повеќе од Шкендија. Следуваат Скопје со 47 и Брегалница со 46 поени.
Резултати – 21. коло
Беласица – Тетекс 3-1
Детонит Плачковица – Осогово 2-4
Скопје – Кожуф 1-0
Охрид Лихнидос – Вардар (Н) 4-0
Преспа – Брегалница (Ш) 0-3
Каменица Саса – Новаци 0-0
Слога (В) – Шкендија (А) 0-5
Колото ќе биде комплетирано утре со локалното дерби помеѓу Големо Коњари и прилепска Победа.


