Карло Анчелоти се смета за еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот, освојуваше трофеи во Италија, во Англија, во Германија, во Шпанија во Лигата на шампионите, но на почетокот од тренерската кариера имаше незгодно искуство кое никогаш нема да го заборави.
Првите резултати како тренер Анчелоти ги оствари на клупата на Парма, што му овозможија потоа да седне на клупата на Јувентус. Токму водењето на Јувентус за Анчелоти е право фијаско и сега откри дека токму двете сезони во Торино му носат само лоши спомени.
„Ме мразеа бидејќи играв за Милан, а понекогаш стадионот го напуштав со полиција. Не го освоивме Скудетото, но двапати бевме втори. Не беше најдобро искуство“, вели актуелниот тренер на Реал Мадрид, кој во двете сезони со Јувентус остануваше без титулата поради Лацио и Рома.