Водителка му рече дека е најдобар на сите времиња, но Новак ја одби: Ми се допаѓа моето име

Новак Ѓоковиќ по свечената церемонија на теренот „Филип Шатрие“ на која го крена шампионскиот пехар за триумфот на Ролан Гарос, имаше разговор со ТВ екипата на спортскиот канал Евроспорт, во кој ја изненади водителката и поранешна тенисерка Барбара Шет.

Шет го праша Ѓоковиќ дали може сега и официјално да го нарекува најдобриот на сите времиња (GOAT).

Одговорот на Србинот беше интересен:
„Можеш да ме викаш Новак, ми се допаѓа моето име“.

https://twitter.com/CristinaNcl/status/1667942911088947201?s=20

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести