Војна се води меѓу Барса и Тебас, може да пропадне трансферот на Левандовски

Раководството на Барселона води вистинска војна со челниците на Ла Лига, што ја предводи Хавиер Тебас, а исходот може да биде поразителен за шпанскиот гигант и да пропадне најавениот трансфер на Роберт Левандовски.

Тебас изјави дека Барселона не може да го регистрира играчот на Баерн, поради лошата финансиска состојба и би морала да продаде неколку играчи.

„Во Барселона знаат какви се правилата на Ла Лига и каква им е финансиската ситуација. Не знам дали ќе ги продадат Де Јонг, Педри, или други играчи, но знаат дека мора да си ги зголемат приходите. Имаат акумулирани загуби од минатите години и во ваква ситуација не можат да го регистрираат Левандовски“, изјави Тебас.

Одговор пристигна од Жоан Лапорта, актуелниот претседател на Барса, а битката се разгоре.

„Тебас треба да знае дека не смее да се меша во нашата клупска политика и мора да се воздржи од вакви коментари. Дали Барселона може, или не може да ангажира играчи не во доменот на неговата работа и со вакви неодговорни изјави му штети на нашиот клуб“, изјави Лапорта.

На целата ситуација оган на масло долеа објавата на неколку реномирани шпански и германски медиуми дека Левандовски се оладил по ваквите изјави и дека сега не сака да се пресели во Барселона.

Лапорта разговарал и со негиовиот агент Пини Захави кој барал објаснување за целата ситуација, па сега трансферот на Кралот на стрелците во Европа, Левандовски во Барселона е се понеизвесен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести