Војнеска: По 20 години повторно имаме одлични резултати во атлетиката и на тоа треба сите да сме горди

На настанот вчера и денеска има натпревари во повеќе дисциплини и тоа трчање од 100 до 10.000 метри, како и на пречки, височина, далечина, трискок, фрлање на ѓуле, диск, копје.

„Би сакала на сите спортисти да им честитам што настапија затоа што во услови на Ковид имавме затворени стадиони и намалени можности за тренинзи така што тие постигнаа извонредни резултати. Инаку, имавме четири резултати кои се над 1000 бода во IAAF таблица, имавме трка над 400 метри во машка конкуренција каде првите шест учесници постигнаа одлични резултати после 20 години а сето тоа многу ме радува и ме прави горда како претседателка на Федерацијата. Денеска очекувам исто да се постигнат и други резултати во повеќе дисциплини и ќе биде радост за Федерацијата, клубовите и самите спортисти, а некои од нив ќе не претставуваат на претстојните меѓународни натпревари“, истакна претседателката на АФМ, Александра Војнеска Зикова.

Според селекторот на Федерацијата купот сениорски е најважен како домашно натпреварување.

„Имавме одлични резултати на купот, настапуваат најдобрите атлетичари Јован Стојоски и Дрита Ислами, имаме нов атлетичар Андреас Трајковски кој настапува вон конкуренција во скок на далечина, така што за три недели од сега ќе има селекција кој ќе настапува од АФМ на Олимписките игри“, изјави Кристијан Кајчевски, селектор во АФМ.

Еден од фаворитите атлетичарот Јован Стојоски повторно со свој личен рекорд на Купот.

„Повторно поставив два лични рекорди и тоа на 100 метри 10’ 69” и на 400 метри 46 82, во супер форма сум за почетокот на сезоната. Приоритет ми е Олимпијадата која претставува голем мотив за мене и ќе ја претставувам Македонија, така што напорно ќе тренирам и ќе се подготвувам во следниов период“, вели атлетичарот Стојоски.

Атлетичарката Дрита Ислами ги освои првите места во 100 метри со пречки, на 400 метри и штафета.

„Навистина сум среќна што трчав на 100 метри со пречки кое ми беше приоритет а со тоа освоив и 6 бода за Клубот, исто така трчав на 400 метри кои го освоив првото место, така што за мене солидно е што имав добар резултат. Ќе продолжам со напорни тренинзи и очекувам што повеќе жени да се вклучат во Атлетиката за да имам одлична конкуренција“, додаде атлетичарката Ислами.

Атлетската федерација на Македонија оваа година имаат полн календар и ќе одржи домашни натпреварувања, државни натпреварувања, како и екипни и индивидуални, до крајот на сезоната ќе има речиси секоја недела натпревар.

- Оглас -

Најнови вести