Карел Волаид вели дека репрезентативците на Македонија покажале карактер и квалитет кога беше најпотребно и додаде дека победата на домаќинот од 2:1 е заслужена.
„Имавме шанса за поволен резултат, бидејќи очекувавме домаќините да бидат и малку заморени од мечот со Грузија. Сепак македонските репрезентативци покажаа карактер иквалитет, па јасно е зошто ќе играат на Европското првенство идната година.
Им посакувам многу среќа и успех на ЕП, а ние треба да ја подобриме играта за да се надеваме на такво нешто“, рече Волаид на прес-конференцијата по мечот во кој Македнија остана без пораз со Естонците во меѓусебните дуели и сега има биланс од 4 победи и две нерешени.