4.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Волкановски останува неприкосновен УФЦ крал во перолесна категорија

Александар Волкановски останува неприкосновен во својата перолесна категорија и по осми пат во кариерата победи во битка за титула. 

Борбата против предизвикувачот Диего Лопес се одржа во Сиднеј, на домашен терен на „Александар Велики“ во Австралија, на турнирот UFC 325, а во октагонот подобар беше Волкановски со едногласна одлука на судиите.

Ова беше втора борба помеѓу овие борци, а и првата, Австралиецот со македонско потекло исто така победи со едногласна одлука.

Со возраст од 37 години, Волкановски е најстариот борец кој бил првак во перолесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести