Волкановски во април во Мајами ќе се бори за светската титула во перолесна категорија

Шампионот Илија Топурија се откажа од бранење на светската титула во перолесна категорија во ултимејт фајт, па на УФЦ 314 настанот кој ќе се одржи во Мајами на 12 април за шампионскиот појас ќе се борат Александар Волкановски и Диего Лопес, потврди извршниот директор на УФЦ, Дејна Вајт.

Како загревање за главниот настан со кој ќе се затвори вечерта ќе има уште една интересна борба, помеѓу Мајкл Чендлер и Педи Пимблт.

„Матадорот“ Топурија, кој пред 14 месеци го победи Волкановски во битка за титулата во перолесна категорија, сака да оди во една категорија погоре, во лесна, и да го предизвика Ислам Махачев, па Македонецот кој настапува под австралиско знаме, ќе има прилика да си ја врати титулата во перолесна категорија.

Лопез само две години се натпреварува во УФЦ, извојува пет победи за 13 месеци, но искуството ќе биде на страната на Волкановски.

- Оглас -

Најнови вести