29.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Волкот Раул успешно опериран по страотната повреда на главата

Раул Хименес вчера мораше итно да оди на операција на черепот по здобиената повреда при судирот со глава со Давид Луис, дефанзивецот на Арсенал.

Во воздушен дуел двајцата силно се удрија со главите, Луис помина многу подобро, со преврска на главата, додека Хименес десетина минути лежеше на тревата, по што мораше да биде изнесен на носилка.

„Раул е во добра состојба по операцијата на главата која му беше извршена вчера навечер, по инцидентот кој се случи за време на натпреварот против Арсенал. Нашиот фудбалер е во постојано присуство на својата сопруга, а ќе биде под надзор на лекарите кои вчера ја санираа повредата. Сакаме да се заблагодариме за помошта околу интервенцијата на медицинскиот тим на Арсенал и медицинските лица кои беа на лице место“, стои во соопштението на Вулверхемптон.

Засега не е одредено времетраење на рехабилитацијата, но јасно е дека Волците одреден период нема да сметаат на својата прва ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести