Голден Стејт вориорс и Лос Анџелес лејкерс вечерва на домашен терен имаат шанса да ги елиминираат своите противници и да се пласираат во следната фаза од плејофот во НБА лигата.
Според квотите, и Воините се фаворити против Сакраменто и Езерџиите против Мемфис, па реално е да триумфираат со 4-2 во победи и да си закажат меѓусебен дуел во полуфиналето на Западната конференција.
Што се однесува до понудата на играчи, и таа е стандардно богата во Sport Life. Еден од 23-те кошаркари за кои може да типувате колку поени ќе дадат, е и суперѕвездата Леброн Џејмс. Најефикасниот кошаркар во историјата на НБА во досегашните пет дуели против Гризлис, најмногу даде 28 поени, а на претходниот меч имаше само 15.
Вечерва хендикеп границата кај Џејмс е поставена на 26.5 поени. Статистиката вели дека ќе биде минус, но којзнае.