25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Воска ја доби најстрогата казна за прекинатиот меч против Вардар

Фудбалската федерација на Македонија, односно Дисциплинската комисија одлучи да ја изрече најстрогата казна за екипата на Воска и да ја казни со одземање девет бода. Причина за казната е прекинатиот меч против Вардар, кога фудбалерите на охридскиот прволигаш се повлекоа од теренот и не го доиграа мечот.

Суспензија од две години заработи и претседателот на клубот, Нефи Усеини, поради наговарање, односно повикување на екипата да го напушти теренот. Иста казна, од две години, заработи и тренерот од Албанија, Клодијан Арбри, додека капитенот Агон Хани е суспендиран на еден месец.

Со оваа одлука Воска останува на последната позиција во Првата лига, но сега со 13 бода и само со теоретски шанси за опстанок.

Во продолжение одлуката на Дисциплинската комисија на ФФМ:

ФК Воска Спорт АД се казнува со одземање 9 (девет) бода од вкупниот број освоени бодови во тековната натпреварувачка сезона од Првата МФЛ и парична казна од 2.500,00 евра поради напуштање на натпреварот со ФК Вардар АД во рамките на 28-мото коло од Првата МФЛ;

ФК Воска Спорт АД се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација на натпреварот со ФК Вардар АД од 28-мото коло во Првата МФЛ;

Нефи Усеини – претседател на ФК Воска Спорт АД се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 (две) години и парична казна во износ од 1.500,00 евра. Дисциплинската мерка е изречена поради наговарање, односно повикување за повлекување на екипата на ФК Воска Спорт АД на натпреварот против ФК Вардар АД од 28-мото коло во Првата МФЛ;

Тренерот на ФК Воска Спорт АД, Арбри Клодијан е казнет со 2 (две) години забрана за вршење функција, додека капитенот на ФК Воска Спорт АД, Агон Хани доби казна – забрана за настап 1 (еден) месец;

- Оглас -

Најнови вести