Воска Спорт и Вардар ќе играат без публика: Полицијата го прогласила мечот дека е од висок ризик!

Дербито од Втората фудбалска лига на Македонија меѓу Воска Спорт и Вардар ќе се игра без присуство на публика. Ова го соопшти тимот домаќин на средбата, Воска Спорт.

На својата официјална фејсбук-страница, преку соопштение, од Воска Спорт потенцираа дека поради безбедносни причини, дуелот ќе се игра без присуство на гледачи. Ви го пренесуваме соопштението на Воска Спорт.

„!! ️ ИЗВЕСТУВАЊЕ !! ️ ❤️ Ги известуваме сите љубители на фудбалот, особено оние на F.C Voska Sport дека дербито во недела на 25 април против Вардар ќе се игра без гледачи. Ваква одлука е донесена поради безбедноста и подобрувањето на натпреварот кој беше прогласен дека е од висок ризик од страна на нашата градска полиција. Точно да не ризикуваме ниту еден човек и, пред сè, да не ризикуваме поради фудбалот, како тим решивме да играме исто без навивачи. На натпреварот што ќе се одржи на стадионот „Билјанини Извори“ ќе бидат присутни само 10 лица од двете екипи…. ДА ПОБЕДИ НАЈДОБРИОТ ТИМ, ПРЕД СÈ НЕКА ПОБЕДИ ФУДБАЛ“.

- Оглас -

Најнови вести