Воска Спорт не се појави на мечот со Брера и оди во најнизок ранг на натпреварување

Фудбалскиот клуб Воска Спорт не се појави на денешниот натпревар против Брера во Струмица, последен од 29-тото коло од Првата фудбалска лига. Тоа значи дека за Воска е ова втор неодигран натпревар, заедно со напуштањето на мечот против Вардар (1-1) во Охрид, што согласно пропозициите, значи и автоматско испаѓање во најнизок ранг.

Воска Спорт преку социјалните мрежи најави ваков развој на настаните, дека се откажува од учество во Првата фудбалска лига.

Клубот беше казнет од ФФМ за напуштањето на натпреварот против Вардар со одземање на девет бода, а првиот човек Нефи Усеини и тренерот Клодијан Абри добија двегодишна суспензија.

- Оглас -

Најнови вести