Наполи игра фантастично во првото полувреме против Сасуоло и со четири гола во првите 20 минути води со 4:0 и е пред сигурна победа во меч од 35. коло во Серија А.
Калиду Кулибали го постигна првиот гол на мечот во седмата минута и тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.
Потоа следеше гол-шоу со уште три погодоци до 21. минута. Редум погодуваа Осимен, Лозано и Мертенс, а Наполи веќе може да ги прокнижи трите бода што ќе го задржат на третата позиција на три кола до крајот на италијанскиот шампионат.
⚽️ Osimhen scores the 2ND goal
🎯 Insigne with an assist
🏟 Napoli 2-0 Sassuolo
— Wyngback Soccer (@wyngback) April 30, 2022
Елиф Елмас повторно не е во стартниот состав и ќе чека шанса да влезе во игра како резерва.