Исто сценарио за Елмас – Де Лаурентис пак е влезен во филм и херметички ќе го затвори Наполи

Аурелио Де Лаурентис не трпи порази, а Наполи доживеа многу незгоден неуспех против Емполи и повторно е најавено слично сценарио за тимот што доведе до големи кавги и отказ за Карло Анчелоти во 2019 година.

Наполи денеска водеше со 2:0 на гости против Емполи, но набрзина прими три гола и загуби со 3:2, па познатиот филмски продуцент и газда на тимот најави реприза од пред три години.

Најавено е дека од вторник тимот ќе биде комплетно во изолација, но не е наведено точно какви ќе бидат мерките за Елиф Елмас и останатите играчи на наполитанците.

Во финишот на 2019 година имаше сличен циркус во Наполи што го направи Аурелио Де Лаурентис, кој е познат филмски продуцент.

Тогаш нареди фудбалерите и стручниот штаб да одат во целосен карантин во хотел во Неапол, а имаше бунт од играчите, па настрада и тренерот Карло Анчелоти, кој потоа доби отказ од газдата на Наполи.

Елмас денеска поради повреда на играше против Емполи, но по се изгледа со остатокот на тимот ќе мора да ги трпи новиот чуден испад на Аурелио Де Лаурентис.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести