Возачите на Ред Бул го искористија подарокот од Ферари и стигнаа до еден-два победа

Актуелниот светски првак во Формула 1, Макс Верстапен стигна до петтата победа сезонава, триумфирајќи на патеката за Големата награда на Азербејџан. Верстапен беше најбрз, а зад него се најде неговиот клупски колега Серхио Перез. Место на подиумот имаше и за Расел, а потоа следуваа Хамилтон, Гасли, Фетел, Алонсо, Раиконен, Норис, Окон…

За возачите на Ред Бул ова е шеста победа сезонава покажувајќи ја доминацијата. Возачите на Ред Бул имаа лесна задача, откако двата болиди на Ферари не издржаа и откажаа моторите. Прво испадна Карлос Сајнц, а потоа откажа болидот и на Шарлс Леклер. Токму Леклер беше многу разочаран од новото откажувње и неможноста да се бори за победа.

„Повреден сум. Навистина мора да поработиме за да не дозвоиме ова да се случи повторно. Не можам да ги најдам вистинските зборови за да опишам како се чувствувам. Разочаран сум“, рече Леклер.

Во генералниот пласман Верстапен е прв со 150 бодови, пред Перез со 129 бодови, Леклер со 116, Расел 99, Сајнц 83, Хамилтон 62, Норис 50, Ботас 40, Окон 31…

Кај конструкторите, во генералниот пласман во убедливо водство е Ред Бул со 279 бодови, пред Ферари со 199, Мерцедес со 161, Мекларен со 65…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести