Возбудливо дерби – Милан трипати водеше, жилавата Волчица успеа да освои бод (Видео)

Милан трипати водеше против Рома, но не успеа да победи во дербито што вечерва се играше на „Сан Сиро“ во Милано.

Римската волчица беше упорна и освои бод во возбудлив меч со шест гола. Златан Ибрахимовиќ најави голеада со погодок само по 107 секунди и тогаш почна бркотницата по терен, во која домаќините водеа со 1:0, 2:1 и 3:2, но не победија.

https://twitter.com/footcomps2/status/1320815625489555457?s=20

Израмни Един Џеко во 14-тата минута, а интересно е што босанскиот репрезентативец за првпат играше во Серија А против Златан Ибрахимовиќ, кој има потекло од БиХ.

https://twitter.com/BHlive_official/status/1320818819137495040?s=20

Салемакерс повторно му донесе предност на Милан со гол во 47-мата минута, но повторно следеше израмнување.

Џордан Верету беше прецизен од белата точка во 71-вата минута за ново израмнување на 2:2, а гол-шоуто во Милано продолжи.

Судијата Џакомели по вторпат покажа на белата точка, првпат за Милан, а Ибрахимовиќ со вториот гол на мечот пак му донесе предност на домашниот тим.

Сепак, имаше и трето израмнување за крај, а бод на Рома ѝ донесе Кумбула со погодокот во 84-тата минута.

Милан ја прекина серијата од четири победи по ред во новото првенство во Италија, но ја задржа импресивната низа од 26 меча без пораз од осми март годинава, сметајќи ги и пријателските мечеви.

 

- Оглас -

Најнови вести