Холандскиот медиум „РТЛњуз“ успеал да стапи во контакт со еден од ланецот хотели на Кристијано Роналдо со цел да се стигне до повеќе информации околу хуманитарниот гест на Португалецот. Утрово се појави вест дека Роналдо привремено ќе ги преадаптира хотелите во болници кои ќе служат за лекување на заразените од коронавирусот, но се испотави дека се лажни вести.
Еден од вработените во хотелот во Лисабон демантирал дека истиот ќе се претвори во болница.
„Каква болница, ние сме хотел. Денес е работен ден како и сите други, а ние ќе си останеме угостителски објект“, е одговорот кој го доби „РТЛњуз“.
Одговор на Португалецот за овој случај засега нема, инаку Роналдо е во домашна изолација како и останатите членови на Јувентус, откако пред неколку дена се потврдија вестите дека Даниеле Ругани е позитивен на вирусот Ковид-19.