Хуманитарен потег на Кристијано Роналдо, своите хотели ги претвори во болници

Еден од најдобрите фудбалери на светот, португалската легенда Кристијано Роналдо, уште еднаш реши да направи хуманитарен гест и активно да даде свој придонес во борбата против коронавирусот. Тој своите хотели во Португалија, привремено ќе ги преадаптира во болници.

Лечењето ќе биде целосно бесплатно за болните, сите трошоци околу медицинските процедури и плаќањето на докторите, ќе бидат на сметка на Роналдо.

Кристијано кој исто како и сите фудбалери на Јувентус е во карантин, објави и соопштение во кое истакна дека е важно да се следат советите на Светската здравствена организација и на Владите за тоа како полесно да се справиме со непријатната ситуација.

- Оглас -

Најнови вести