22.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Враќањето на Куртоа во белгиската репрезентација направи хаос

Белгискиот голман Коен Кастелс реши да ја напушти националниот состав поради незадоволство од враќањето на Тибо Куртоа во репрезентацијата. Куртоа самоиницијативно реши да не игра за Белгија поради несогласување со тогашниот селектор Доменико Тедеско.

Откако Тедеско доби отказ, Куртоа реши дека е време повторно да го облече репрезентативниот дрес под водство на новиот селектор Руди Гарсија. Поради враќањето на Куртоа, Кастелс реши да ја бојкотира репрезентацијата затоа што одлуката голманот на Реал Мадрид да се врати не е во согласност со вредностите на тимските спортови и стандардите на спортската организација.

„Се чудам како Куртоа може сам да одлучи дали сака да се врати или не, а уште почудно ми е што самата федерација се предомисли и му намести црвен тепих и го пречека со раширени раце“, реагираше Кастелс.

За неколку денови Белгија ќе ги започне подготовките во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Белгија е во група со Македонија, Велс, Лихтенштајн и Казахстан.

- Оглас -

Најнови вести