Враќањето на Тијаго е како новогодишен подарок за Клоп

Тијаго Алкантара почна со лесни тренинзи по двомесечната пауза поради повреда на коленото, со која се здоби во дербито против Евертон, кога се повреди и Вирџил ван Дајк.

Враќањето на Тијаго е прекрасна вест за Клоп, со оглед на тоа дека доста играчи загуби во изминатиов период поради слични причини. Бразилецот со шпански пасош не би требало да заигра до крајот на годинава, но сигурно наскоро ќе се стави на располагање штом добие зелено светло од медицинскиот тим.

Тијаго откако потпиша за актуелниот англиски првак, запиша само два настапи во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести