Секс скандалот меѓу Огњен Врањеш и Јелена Карлеуша дефинитивно влијаеше врз фудбалската кариера на Врањеш. Играчот кој пред почетокот на сезонава направи трансфер во Андерлехт, од неодамна е „пречкртан“ од првиот тим на белгискиот клуб. Оваа одлука на челниците на клубот многумина ја поврзуваат со аферата со Карлеуша, но и заканите на српската пејачка дека ќе му ја уништи кариерата на нејзиниот сега веќе поранешен љубовник.
Врањеш сега тренира Б тимот Б на Андерлехт, што, секако, е голем чекор назад за него во кариерата. Токму затоа постои можност тој да си замине од белгискиот клуб, и тоа до крајот на зимскиот преоден рок. Динамо од Киев е заинтересиран за Врањеш, кој се очекува да плати 1,5 милиони евра ако сака да го добие љубовникот на Карлеуша како засилување.
Играчот кој настапува за Босна и Херецговина, кариерата ја има започнато во Борац од Бања Лука, а има играно и за Ѕвезда, Спортинг и АЕК Атина.