Врањеш ќе биде избркан од Андерлехт поради аферата „Карлеуша“?

Фудбалерот Огњен Врањеш, кој деновиве е во центарот на вниманието на медиумите во регионот поради аферата со пејачката Јелена Карлеуша, чиј сопруг Душко Тошиќ исто така е фудбалер, може да ја загуби работата во белгиски Андерлехт.

Врањеш, кој е репрезентативец на Босна и Херцеговина, можеби уште во јануари ќе треба да си замине од бриселскиот клуб. Според белгиските медиуми, челниците на Андерлехт закажале состанок со Врањеш, кој има плата од 3,2 милиони евра, и ќе му соопштат дека аферата го расипува угледот на клубот и дека ќе мора да си најде нов клуб до 31-ви јануари, додека трае зимскиот преоден рок.

Врањеш официјално е на боледување, не тренира и не е на подготовки со екипата. Од Андерлехт ги анализираат сите информации околу секс-скандалот во кој е вмешан нивниот играч и ќе се огласат откако ќе ги имаат сите потребни информации.

Во Белгија потсетуваат дека Врањеш и во минатото правел проблеми од типот на тетоважа со ликот на еден четнички офицер и карта на Република Српска, прослава на победата над Динамо Загреб со маица од навивачката група на Црвена ѕвезда на која имало српски обележја. Исто така, Врањеш своевремено изјави дека го мрази Партизан од дното на душата, а тогашниот директор на „црно-белите“, Алберт Наѓ, го нарече клемпав. Во атински АЕК ќе се степаше со тренерот кој го извади на полувреме, а во Грција е осуден на условна затворска казна, поради поттикнување омраза преку социјалните мрежи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести