Филип Чурлески нема да добие прилика да дебитира во салата која од пред некое време го носи името на неговиот татко Боро и тој заедно со Горан Крстевски, Никола Митревски и Златко Даскалоски отпаднаа од списокот за мечот со Турција од квалификациите за ЕП 2020.
Селекторот Раул Гонзалес се одлучи за следниве 16 ракометари: Борко Ристовски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Велко Маркоски, Филип Талески, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Немања Прибак, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Филип Лазаров и Филип Кузмановски.
Натпреварот меѓу Македонија и Турција се игра со почеток од 20.15 часот.
Во Битола владее ракометна еуфорија, салата ќе биде преполна, како пред околу две децении кога македонската репрезентација често играше официјални средби во градот на конзулите.