Вредеше 80 милиони евра, а сега само пет, но по една година се враќа во Европа

Хамес Родригес, репрезентативецот на Колумбија, прикажа одлични игри на неодамна завршената Копа Америка, па заслужено беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот. Тоа беше препорака за неколку европски клубови да тргнат по неговиот потпис.

Колумбиецот минатата сезона ја мина во редовите на бразилскиот Сао Паоло, но сега се одлучи спогодбено да го прекине договорот кој му важеше до следното лето. Родригес во минатото вредеше 80 милиони евра, а во 2017 Реал Мадрид за него му плати 75 милиони евра на Монако.

Интерес за неговиот потпис во моментов има од екипите на Наполи, Бетис, Марсеј и Болоња, па 33-годишниот фудбалер ќе може да бира во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

- Оглас -

Најнови вести