Вреди 87 милиони евра, ама не знае кај тера на теренот (Видео)

Манчестер јунајтед остана без шанси за трофеј сезонава откако вчера беше елиминиран во полуфиналето од ФА купот. Црвените ѓаволи загубија од Челзи со 3:1 и во најлош можен ден ја прекинаа серијата од 19 меча без пораз во сите натпреварувања.

Одбраната на Манчестер делуваше конфузна, а голманот Давид де Хеа направи почетнички грешки. Сепак, не е само Де Хеа тој што грешеше. Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, Хари Мегваер, беше како изгубен на теренот. Човекот кој вреди 87 милиони евра и за кратко време ја доби довербата да биде капитен во еден момент не знаеше што да направи со топката.

Конфузно трчаше, па бегаше од противничкиот играч и на крајот згреши во додавањето. Ваков потег воопшто не му личи на играч кој вреди толку пари. Главниот фокус на Манчестер јунајтед до крајот на сезоната ќе биде борбата за освојување на четвртото место во Премиер лигата кое води во Лигата на шампиони.

https://twitter.com/i/status/1284927083790192642

 

- Оглас -

Најнови вести