Вреди вечерва да се брка Сити за нови 7+ голови

Бен Фостер е голманот кој пред неколку дена прими осум гола од Манчестер сити. Чуварот на мрежата на Ватфорд вели дека се молел да не заврши со двоцифрен број голови во својата мрежа бидејќи само по 18 минути игра беше 5:0 за домаќините.

Сити го има можеби најмоќниот напад сезонава, а Фостер предупреди дека само прашање на време е кога некој противник на Граѓаните ќе прими двоцифрен број голови.

„Кога по 20 минути игра примив пет гола, единствената помисла ми беше само да не завршам со двоцифрен број голови во мојата мрежа. Овој Сити е дефинитивно најсилниот тим против кој сум играл. Прашање на време е кога некој противник ќе си замине со двоцифрен број голови во својата мрежа. Многу се доминантни. Постојано се агресивни, сакаат први да стигнат до топката и не ти даваат ни една секунда простор за размислување. Тие се вистински прототип на фудбалери“, вели Фостер, кој ја имаше таа несреќа дури осум пати да ја вади топката од својата мрежа.

Сити вечерва го чека нов предизвик. Англискиот првак гостува кај Престон во меч од Лига купот. Сигурно дека Пеп Гвардиола нема да игра во најдобар состав, но фактот дека екипата се претвори во „машина за голови“, а сега играат против ривал кој е од Шампионат лигата, дава голема веројатност дека може повторно да има голеада.

Според Sport Life, вечерва да има 7+ на мечот Престон – Сити се вреднува со коефициент 9, што е одлична понуда. Коефициентите од сите мечеви од Лига купот може да ги најдете на Sport Life.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести