АЗ Алкмар – Манчестер јунајтед (18:55ч – Лига на Европа, второ коло)
Слабите резултати на Манчестер јунајтед се познаваат и по нивната неефикасност. Избраниците на Оле Гунар Солскјер веќе извесно време се мачат да остварат добар резултат, поточно осум меча во низа немаат постигнато повеќе од еден гол, во кои остварија само две победи, не сметајќи го добиениот меч на пенали против Рочдејл во Лига купот на Англија. Повредите се уште еден проблем за Црвените ѓаволи, Солскјер подолго време не смета на Марсијал, а Погба никако да закрепне целосно, иако изминатиов викенд настапи во ремито против Арсенал.
Алкмар од средината на септември го поправи учинокот и нанижа пет меча без пораз, во кои запиша четири победи и едно реми. Тоа реми е на гостувањето кај Партизан во првото коло од ЛЕ, а од тогаш не примија ниту еден гол во својата мрежа. Доколку холандскиот состав не се уплаши од големината на Јунајтед, иако сјајот на англискиот великан е загубен, може да се дојде до добар резултат.
Меѓународните натпреварувања досега не ги споиле овие две екипи, што значи дека не се познаваат меѓу себе, па не би требало да има премногу тактизирање, се надеваме дека ќе се игра отворен и напаѓачки фудбал.
Предлог тип: Т22+ & ГГ (3.05)
Арсенал – Стандард Лиеж (21ч – Лига на Европа, второ коло)
Јасно е дека фудбалерите на Арсенал се фрустрирани по ремито од 1-1 во дербито против Манчестер јунајтед изминатиов викенд, а тоа не е добар знак за Стандард. Затоа Унаи Емери ќе очекува од неговиот тим да ја оствари втората победа во групите од ЛЕ, иако веројатно на теренот ќе пушти комбиниран состав.
Знаејќи дека Лаказет е повреден, ќе нема одмор за Обамејанг, а ниту треба да има бидејќи Габонецот е во извонредна форма. На „Емирати“ гостува тимот на Стандард, кој веќе пет меча не знае за пораз, а нареди четири победи и само едно реми. Сепак, Топчиите не ги засега во каква форма е нивниот противник бидејќи се големи фаворити во пресрет на дуелот.
Арсенал и Стандард на меѓународната сцена се сретнаа во 2009 година. Двомечот се одигра во групната фаза од ЛШ, а Арсенал ги доби дуелите со 2-0 дома и 2-3 на гости. Опасниот напад на Топчиите и разнишаната одбрана се сегменти кои може да придонесат за ефикасен меч.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.20)
Севилја – АПОЕЛ Никозија (21ч – Лига на Европа, второ коло)
Севилја беше одлична до првото коло во Лигата на Европа, кога го совлада Карабах со убедливи 3-0. Оттогаш Андалузијците загубија два меча во низа, од Еибар и Реал Мадрид, а во обидот да си ја повратат формата со 3-2 славеа над Реал Сосиедад изминатиов викенд. Вечерва составот на Лопетеги е апсолутен фаворит во дуелот против АПОЕЛ, затоа ништо повеќе од сигурна победа не се очекува од петкратниот освојувач на Лигата на Европа.
Иако АПОЕЛ добро ја отвори сезоната во Кипар, во континенталниот шампионат не се снајде баш добро во првото коло. Претрпе пораз од 3-4 од Дуделанж, и тоа на домашен терен, а ретко кој верува дека ќе може да се избегне разочарување на „Писхуан“. Двете екипи досега немале прилика да ги одмерат силите, но се очекуваат голови на овој меч, и тоа во двете полувремиња, ако се земе предвид дека Севилја постигна девет гола во последните четири меча, а прими пет.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.0)
Лацио – Рен (21ч – Лига на Европа, второ коло)
Лацио полека почна да се буди и точно навреме го запиша убелидиот триумф над Џенова со 4-0. Лацијалите самодовербата од тој меч треба да ја преточат и вечерва со цел да се оствари првиот триумф во групната фаза, бидејќи Клуж им ги украде бодовите во премиерното коло на ЛЕ.
Уште повеќе во полза на Лацио оди и формата на Рен. Французите никако да воспостават стабилност, па веќе шест меча не знаат за победа. Четирите ремија и двата порази од Нант и Ница ги открија слабостите на Рен, па затоа нема да биде изненадување ако потфрлат и на „Олимпико“.
Фудбалерите на Инзаги досега одиграа три меча пред своја публика и дозволија само еден гол во својата мрежа, ако Рен се надева дека може вечерва да се закани, како што го направи тоа и против Селтик.
Предлог тип: ГГ3+ (2.35)
Сент Етјен – Волфсбург (18:55ч – Лига на Европа, второ коло)
Ова ќе биде меч на резервните екипи бидејќи и во редовите на Сент Етјен, а и во Волфсбург, медицинските центри се преполни со повредени играчи. По шестмина играчи на двете страни се под знак прашалник за овој меч, додека по двајца дефинитивно се отпаднати од комбинација. И Французите и Германците ќе бидат без првите голмани, Руфие го повреди прстот, Кастилс има скршена нога, така што резервните чувари на мрежата ќе треба да одговорат на предизвикот.
Волфсбург пред ова гостување славеше минимално кај Мајнц, а од почетокот на сезоната уште не почувствувале разочарување. Сосема спротивна е ситуацијата со Сент Етјен. Само две победи и две ремија, а пет порази вкупно во сите натпреварувања никако не може да се каже дека е добра форма.
Досега само во пријателски средби Сент Етјен и Волфсбург ги одмерија силите, еден меч заврши без победник, додека Волците еднаш славеа минимално.
Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.70)